УАПСЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА АНТАЛИЈА И АДАНА ОД ГЛАВНАТА ТУРСКА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА

    УАПСЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА АНТАЛИЈА И АДАНА ОД ГЛАВНАТА ТУРСКА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈАМеѓу уапсените е и градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочек (Фото: ДПА)

    Турските власти денеска приведоа уште тројца градоначалници од редовите на главната опозициска партија, објави обвинителството, со што се проширува повеќемесечната правна репресија, која почна во Истанбул.

    Градоначалниците на големите јужни градови Адана и Адијаман се приведени под обвинение за изнуда, заедно со уште осум лица, соопшти канцеларијата на главниот обвинител на Истанбул.

    Телевизијата НТВ соопшти дека се приведени и градоначалникот на Анталија и заменик-градоначалникот на истанбулскиот округ Бујукчекмеџе во рамките на пошироката истрага, чија цел беа стотици членови на Републиканската народна партија (ЦХП) од октомври минатата година.

    ЦХП ги отфрла обвиненијата и ја нарекува истрагата политички мотивирана, што владата го негира.

    Во март беше затворен градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, во очекување на судење за корупција. Тоа ги предизвика најголемите улични протести во Турција во последната деценија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира