УБИЕЦОТ НА БУГАРСКАТА НОВИНАРКА МАРИНОВА УАПСЕН ВО ГЕРМАНИЈА

    УБИЕЦОТ НА БУГАРСКАТА НОВИНАРКА МАРИНОВА УАПСЕН ВО ГЕРМАНИЈАСпоред доказите, убиството на Маринова не е поврзано со нејзината новинарска работа (Фото: ЕПА)

    Бугарски државјанин е уапсен во Германија во врска со силувањето и убиството на новинарката Викторија Маринова, која во саботата беше пронајдена мртва во парк во градот Русе.

    Полицијата го именуваше уапсениот како Северин Красимиров и министерот за внатрешни работи Младен Маринов изјави дека неговата ДНК се совпаѓа со доказите пронајдени на местото на злосторството.

    Според доказите, убиството на Маринова не е поврзано со нејзината новинарска работа, туку, веројатно, станува збор за случаен сексуален напад. Јавниот обвинител Сотир Цацаров кажа дека засега сѐ уште не се исклучуваат и други можности.

    Красимиров заминал за Германија во неделата, ден по нападот врз Маринова, јави весникот „168 часа“. Тој бил приведен откако по него бил распишан европски налог за апсење.

    Романскиот државјанин со молдавски пасош, кој првично беше осомничен во случајот, е ослободен без обвинение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира