УБИВМЕ НАД 400 ПАЛЕСТИНСКИ ТЕРОРИСТИ И ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ЖЕСТОКИ УДАРИ НА ХАМАС, КАЖА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА

    УБИВМЕ НАД 400 ПАЛЕСТИНСКИ ТЕРОРИСТИ И ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ЖЕСТОКИ УДАРИ НА ХАМАС, КАЖА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКАИзраел најави дека постои можност за копнена офанзива во Газа (Фото: АП)

    Хамас кажа дека неговите борци сѐ уште се присутни во седум населени места во јужен Израел, ден откако оваа палестинска група ја премина границата и го изненади Израел со голем координиран напад. Според последните информации, во ракетните напади и престрелките загинаа 350 луѓе во Израел и 313 во Газа.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека се активни осум точки на соочување со милитантите на Хамас на територијата на Израел и дека борбите продолжуваат.

    Повеќе од 400 палестински терористи се убиени во јужен Израел и Газа, а десетици се заробени. Во тек е потрага во повеќе градови. Силите на ИДФ се во сите градови. Не постои населено место во кое што нема сили на ИДФ“, соопшти израелската војска.

    Таа ја потврди смртта на 26 војници, меѓу кои е и полковникот Џонатан Стајнберг, заповедникот на бригадата „Нахел“.

    ИДФ најави дека постои можност за копнена офанзива во Газа и ги предупреди жителите да ги напуштат своите домови додека се подготвуваат нови напади на инфраструктурата на Хамас. Од кабинетот на Нетанјаху најавија дека Израел ќе го прекине снабдувањето на Газа со струја, гориво и храна.

    Ќе го напаѓаме Хамас жестоко и тоа ќе трае долго“, изјави портпарол на израелската војска, препорачувајќи му на Хезболах да не се меша, откако утрово Израел возврати на артилериски напади од јужен Либан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира