УЧЕНИЦИ ЛЕГНАА ПРЕД БЕЛАТА КУЌА, БАРАЈЌИ ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА НА КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ

    УЧЕНИЦИ ЛЕГНАА ПРЕД БЕЛАТА КУЌА, БАРАЈЌИ ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА НА КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ„Дали јас сум следниот?“, запрашаа учениците на протестот пред Белата куќа (Фото: АП)

    Десетици тинејџери легнаа на плочникот пред Белата куќа, барајќи од претседателот Доналд Трамп да преземе нешто околу контролата на купување и употреба на оружје, откако 17 луѓе беа убиени во последното масовно пукање, што се случи во средно училиште на Флорида.

    Родители и учители се придружија на протестот, на којшто двајца активисти се покрија со американско знаме, а друг држеше знак со натпис „Дали јас сум следниот?“

    „Важно е да го искажеме нашиот гнев и да ја нагласиме важноста, конечно, нешто да се промени околу контролата на купување на оружје во Америка. Секој ден кога се поздравувам со родителите, свесна сум дека, можеби, веќе нема да ги видам“, изјави 16-годишната ученичка Ела Феслер.

    Белата куќа соопшти дека Доналд Трамп ги поддржува напорите да се воспостави поголема контрола врз тоа кој купува оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира