УЧИТЕЛКА УБИ СО НОЖ ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

    УЧИТЕЛКА УБИ СО НОЖ ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈАИнцидентот што ја шокираше нацијата се случи во централниот град Даеџеон (Фото: Њуз1)

    Учителка уби осумгодишно девојче во основно училиште во Јужна Кореја, во инцидент што ја шокираше нацијата. Учителката, која е во 40-ти години, признала дека фатално избола ученичка во централниот град Даеџеон.

    Девојчето било пронајдено со убодни рани на вториот кат од училишната зграда и подоцна во болница било прогласено за починато. Покрај неа била учителка, исто така со убодни рани и полицијата верува дека таа сама си ги нанела.

    Привремениот претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, нареди истрага и ги повика властите да преземат мерки „со цел вакво нешто никогаш да не се повтори“.

    Учителката побарала шестмесечен неплатен одмор во почетокот на декември поради депресија, но се вратила во школото по само 20 дена откако лекар проценил дека е способна за работа. Властите кажаа дека таа не била во никаква врска со убиената ученичка.

    „Неколку дена пред убиството, учителката се однесувала насилно, при што давела друга учителка“, кажа полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира