УКРАИНА ГО ОТФРЛИ РУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА АВСТРИСКИ МОДЕЛ НА НЕУТРАЛНОСТ

    УКРАИНА ГО ОТФРЛИ РУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА АВСТРИСКИ МОДЕЛ НА НЕУТРАЛНОСТУкраина бара од Русија правно обврзувачки безбедносни гаранции (Фото: АП)

    Рускиот предлог Украина да усвои австриски модел на неутралност е неприфатлив за нас, изјави советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак, кој учествува во мировните преговори.

    „Секој мировен договор мора да биде според украинските услови кои го штитат нашиот суверенитет. Го разбираме обидот на нашите партнери да бидат проактивни во преговорите, па оттука и термини како шведска или австриска неутралност. Но, Украина сега е во директна војна со Русија и затоа моделот може да биде само украински и само со правно обврзувачки безбедносни гаранции“, изјави Подољак.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска кажа дека сериозно се дискутира за опцијата Украина да стане неутрална држава налик на Австрија и Шведска, што Москва го смета за компромис. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија и Украина полека се усогласуваат околу некои делови од мировниот договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира