УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ НАПРЕДЕН РАКЕТЕН СИСТЕМ „ПАТРИОТ“ ОД САД, ЕДЕН ПРОЕКТИЛ ЧИНИ ТРИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ НАПРЕДЕН РАКЕТЕН СИСТЕМ „ПАТРИОТ“ ОД САД, ЕДЕН ПРОЕКТИЛ ЧИНИ ТРИ МИЛИОНИ ДОЛАРИРаспонот на гаѓање со „патриот“ варира од 40 до 160 километри (Фото: Гети)

    Украина ќе добие напреден одбранбен ракетен систем „патриот“ во обид да се спротивстави на руските проектили и дронови, потврди Белата куќа пред денешната посета на Володимир Зеленски на САД.

    Од почетокот на војната пред речиси десет месеци, бројни западни противвоздушни системи беа испратени во Украина: од преносни ракетни лансери „стингер“ до понапредни системи засновани на радар или топлина. „Патриот“ е чекор понапред на тоа поле и она што особено ќе ја налути Москва.

    Тие не се сребрен куршум, но се крајно способни, ефективни и скапи. Еден проектил за „патриот“ чини три милиони долари, трипати повеќе од цената на проектил за НАСАМС. Два вакви система веќе се на фронтот во Украина.

    „Ракетниот систем ‘патриот‘ ќе биде клучно средство за одбрана на украинскиот народ од варварските руски напади на цивилната инфраструктура“, соопшти Белата куќа.

    Системите „патриот“ беа користени во првата Заливска војна и во меѓувреме постојано беа унапредувани. Тие вклучуваат команден центар, радарска станица која детектира дојдовни закани и лансери. Распонот на гаѓање варира од 40 до 160 километри, во зависност од типот на проектил што се користи и дизајнирани се да бранат одредени области, како градови.

    Бидејќи САД и НАТО не управуваат со вакви ракетни системи во Украина, украинските војници ќе мора да поминат низ обука за користење „патриот“ во странство и се верува дека таа веќе е во тек. Москва претходно кажа дека распоредувањето на „патриот“ во Украина ќе го смета за провокација и дека овие системи ќе бидат легитимна цел на руските сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира