Велика Британија потврди дека ќе ја снабди украинската војска со проектили со долг дострел какви што бараше. Проектилите „сторм шедоу“ имаат дострел од над 250 километри, додека американските проектили „ХИМАРС“ можат да гаѓаат цели на далечина од најмногу 80 километри.
Овие оружја ќе ѝ дадат нови способности на Украина, додека се подготвува за противофанзива. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека не брзаат со нејзин почеток, бидејќи очекуваат уште од ветената западна воена помош.
Проектилите „сторм шедоу“ се испукуваат од авион, што ќе им овозможи на украинските пилоти да бидат на побезбедно растојание од фронтот. По испукувањето, тие се спушаат на пониска надморска височина за да ги избегнат непријателските радари, пред да ја погодат метата со помош на инфрацрвен трагач.
Реагирајќи на објавата од Лондон, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кажа дека Русија ќе подготви соодветен воен одговор.