УКРАИНА МОЖЕ ДА СМЕТА НА МОЈА ПОЛНА ПОДДРШКА, ВЕЛИ МЕЛОНИ

    УКРАИНА МОЖЕ ДА СМЕТА НА МОЈА ПОЛНА ПОДДРШКА, ВЕЛИ МЕЛОНИМелони ја поддржа одлуката на претходната влада за испраќање оружје во Украина (Фото: АП)

    Италијанската националистичка лидерка Џорџа Мелони, која треба да биде идна премиерка, ѝ вети целосна поддршка на Украина во војната со Русија, откако Володимир Зеленски ѝ честиташе на победата на парламентарните избори.

    „Драг Зеленски, знаете дека можете да сметате на нашата полна поддршка во борбата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и имајте верба“, му одговори Мелони на украинскиот претседател преку Твитер.

    Таа беше еден од ретките италијански политички лидери кои ја поддржаа одлуката на бившиот премиер Марио Драги за испраќање оружје во Украина, иако тогаш беше опозиција. Наспроти неа, нејзините политички сојузници Лига и Напред Италија беа против, иако беа во коалиција со Драги.

    За разлика од нив, Мелони постојано ја поддржува Украина во војната со Русија и вети дека под нејзино водство, Италија нема да биде слабата алка во западната алијанса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира