УКРАИНА НАПАДНА ГОЛЕМО СКЛАДИШТЕ ЗА ОРУЖЈЕ ВО РУСИЈА, ШТО ПРЕДИЗВИКА ЕКСПЛОЗИЈА НАЛИК НА ЗЕМЈОТРЕС

    УКРАИНА НАПАДНА ГОЛЕМО СКЛАДИШТЕ ЗА ОРУЖЈЕ ВО РУСИЈА, ШТО ПРЕДИЗВИКА ЕКСПЛОЗИЈА НАЛИК НА ЗЕМЈОТРЕССателити на НАСА регистрирале извори на силна топлина (Фото: Телеграм)

    Голем украински напад со дронови предизвика експлозија налик на земјотрес во складиште за оружје во рускиот регион Твер, објавија руски воени блогери, при што била наредена делумна евакуација на соседниот град Торопец. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат голема огнена топка како го осветлува ноќното небо и повеќе детонации.

    Сателити на НАСА регистрирале извори на силна топлина кои произлегуваат од област од 14 квадратни километри, а сеизмолошки станици фатиле нешто што наликувало на мал земјотрес.

    „Непријателот погоди складиште за оружје во областа на Торопец. Се што може да гори веќе гори и експлодира“, објави прорускиот воен блогер Јури Подољака.

    Нема информации дали има жртви.

    Гувернерот на Твер, Игор Рудења, изјави дека украински дронови биле соборени, но нивни остатоци предизвикале голем пожар.

    Украински функционери кажаа дека покрај ракети „град“ и други проектили, Русија почнала да складира и севернокорејски проектили во Торопец, кој се наоѓа 470 километри северно од украинската граница.

    „Големината на главната експлозија прикажана на снимките на социјалните мрежи била соодветна на детонацијата на 200-240 тони експлозив“, изјави Џорџ Вилијам Херберт од Институтот за меѓународни истражувања во Монтереј, Калифорнија.

    Државната новинска агенција РИА во 2018 објави дека Русија почнала да гради складиште за проектили, оружје и муниција во Торопец, додавајќи дека ќе може да издржи и мал нуклеарен напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира