УКРАИНА НАПАДНА РАФИНЕРИЈА И ФАБРИКА ЗА ДРОНОВИ ВО РУСИЈА ОДДАЛЕЧЕНИ 1.100 КИЛОМЕТРИ ОД ГРАНИЦАТА

    УКРАИНА НАПАДНА РАФИНЕРИЈА И ФАБРИКА ЗА ДРОНОВИ ВО РУСИЈА ОДДАЛЕЧЕНИ 1.100 КИЛОМЕТРИ ОД ГРАНИЦАТАНајмалку седум лица биле повредени во економската зона „Алабуга“, каде што Русија произведува дронови „шахед“

    Украина изведе напад со дрон врз една од најголемите руски рафинерии, оддалечена над 1.100 километри од границата. Нападот се случил во индустријализираниот регион Татарстан во раните утрински часови, изјави гувернерот Рустам Миниханов.

    Државните медиуми објавија дека избувнал пожар во рафинеријата во Ниженкамск, кој бил изгаснат за 20-ина минути. Производствениот процес не бил нарушен.

    Ова беше еден од најдлабоките украински напади врз руската територија досега. Покрај рафинеријата, биле нападнати и други деловни објекти во Ниженкамск и Јелабуга. Најмалку седум лица биле повредени во економската зона „Алабуга“, каде што Русија масовно произведува ирански дронови „шахед“, како што објави „Вашингтон пост“ минатата година.

    Извор од украинското разузнавање кажа дека била причинета значителна штета на воена цел во Татарстан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира