УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА ГО НАПАДНАЛА КРИМСКИОТ МОСТ СО 1.100 КИЛОГРАМИ ЕКСПЛОЗИВ

    УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА ГО НАПАДНАЛА КРИМСКИОТ МОСТ СО 1.100 КИЛОГРАМИ ЕКСПЛОЗИВОва е трет напад врз мостот од почетокот на војната (Фото: СБУ)

    Украинската безбедносна служба (СБУ) објави дека утрово го нападнала Кримскиот мост со подводни експлозиви. СБУ кажа дека биле употребени 1.100 килограми експлозив за да се оштетат столбови на стратешки важниот мост, кој ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим, клучен за снабувањето на руските сили на истокот на Украина.

    Руските власти кажаа дека сообраќајот на мостот е привремено прекинат.

    Претходно го погодивме Кримскиот мост двапати, во 2022 и 2023. Денеска ја продолживме таа традиција под вода, откако наши агенти минираа столбови на оваа илегална конструкција“, објави СБУ, додавајќи дека операцијата била подготвувана неколку месеци.

    СБУ објави снимка која покажува експлозија веднаш до еден од потпорните столбови на мостот.

    Руски воени блогери кажаа дека нападот бил неуспешен и шпекулираат дека бил употребен поморски дрон.

    Ова се случува само два дена откако Украина го изведе најамбициозниот напад врз Русија од почетокот на војната, кога со дронови беа погодени четири воени аеродроми, при што биле уништени или оштетени 40 авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира