УКРАИНА ПРЕТВОРИЛА АВИОН ВО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ЗА ДА ГО НАПАДНЕ ОДДАЛЕЧЕНИОТ РУСКИ РЕГИОН ТАТАРСТАН, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИ

    УКРАИНА ПРЕТВОРИЛА АВИОН ВО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ЗА ДА ГО НАПАДНЕ ОДДАЛЕЧЕНИОТ РУСКИ РЕГИОН ТАТАРСТАН, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИРусија кажа дека во овој напад била погодена индустриска зона (Фото: Телеграм)

    Украинското беспилото летало кое пред неколку дена го нападна рускиот регион Татарстан веројатно бил модифициран лесен авион „аеропракт А-22“, кажаа неколкумина експерти кои ги анализираа снимките од најдлабокиот напад врз руската територија досега.

    Русија кажа дека во овој напад била погодена индустриска зона, при што биле повредени 13 луѓе. Извори од украинското разузнавање изјавија дека мета била фабрика за ирански дронови „шахед“, при што била причинета значителна штета. Оваа економска зона е оддалечена околу 1.200 километри од украинската граница.

    Одбранбената разузнавачка компанија „Џанес“ потврди врз основа на снимките од нападот дека Украинците користеле авион „А-22“, семеен ултралесен авион со две седишта што го произведува украинската компанија „Аеропракт“. Основачот и главен дизајнер на фирмата Јури Јаковлев изјави дека силуетата на леталото личи на „А-22“, но додаде дека тие не произведуваат беспилотни летала, ниту имаат такви познавања и технологија.

    Можно е дека некој пренаменил во беспилотно летало еден од речиси 1.600 авиони произведени од ‘Аеропракт‘, од кои 100 беа продадени во Русија пред војната“, изјави Јаковлев.

    Украински експерт за оружја со долг дострел кој побара да остане анонимен кажа дека претворањето на лесен авион во беспилотно летало не би било тешко за компанија која има познавања во оваа област.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира