УКРАИНА ПРВПАТ УПОТРЕБИЛА БРИТАНСКИ ПРОЕКТИЛИ „СТОРМ ШЕДОУ“ ЗА НАПАД ВРЗ РУСИЈА

    УКРАИНА ПРВПАТ УПОТРЕБИЛА БРИТАНСКИ ПРОЕКТИЛИ „СТОРМ ШЕДОУ“ ЗА НАПАД ВРЗ РУСИЈАНе е познато што било цел на проектилите „сторм шедоу“ (Фото: Гети)

    Украина за првпат лансирала британски проектили со долг дострел „сторм шедоу“ кон Русија, потврдија повеќе извори за британските медиуми.

    Одобрението за вакви удари било одговор на распоредувањето на повеќе од 10.000 севернокорејски војници во Русија, што САД и Велика Британија го опишаа како голема ескалација. Пред неколку дена, и Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да ја напаѓа Русија со проектили со долг дострел.

    Не е познато што било цел на проектилите „сторм шедоу“, но непотврдени снимки објавени на Телеграм покажуваат фрагменти од ваков проектил на локација во рускиот регион Курск.

    Украина вчера за првпат ја гаѓаше Русија со проектили со долг дострел, при што бил предизвикан голем пожар во воен објект во регионот Брјанск. Западни функционери кажаа дека главната цел на овие напади е да се ослабне руската противофанзива во Курск, на која се приклучија и севернокорејските трупи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира