УКРАИНА СТАНА ГРОБИШТЕ НА РУСКИ ТЕНКОВИ И ОКЛОПНИ ВОЗИЛА, НО НЕМА ИНТЕРЕС ЗА НИВНО РЕЦИКЛИРАЊЕ

    УКРАИНА СТАНА ГРОБИШТЕ НА РУСКИ ТЕНКОВИ И ОКЛОПНИ ВОЗИЛА, НО НЕМА ИНТЕРЕС ЗА НИВНО РЕЦИКЛИРАЊЕОстатоци од руски тенкови со месеци стојат во полиња и покрај патишта (Фото: Дојче веле)

    Русија зад себе остави вистинско гробиште на тенкови и друга воена опрема во Украина, кои ги има токму многу што почнаа да претставуваат проблем.

    Генералштабот на украинската војска проценува дека од почетокот на војната во февруари биле уништени над 2.900 руски тенкови, 5.800 оклопни возила, 4.170 возила од друг вид, 1.990 артилериски системи, а тука се и бројни авиони и хеликоптери.

    Иако ова тешко може да се потврди, експертите од холандскиот проект „Орикс“ со анализата на достапните снимки од фронтот дојдоа до податокот дека на тлото на Украина се оставени речиси 7.600 парчиња воена опрема. Тие додаваат дека една третина од нив Украинците ги освоиле во речиси недопрена состојба.

    Како што пренесува „Дојче веле“, воените команди на одделни подрачја редовно прават списоци на воена опрема што Русите ја оставаат зад себе и го информираат украинското министерство за одбрана.

    Специјалните единици што ги нарекуваме ‘канибали‘ излегуваат на терен и проверуваат што може да се искористи од остатоците“, велат од министерството.

    Остатоци од руски тенкови и оклопни возила со месеци стојат во полиња и покрај патишта. Еден модерен тенк тежи околу 50 тони, а „Форбс“ процени дека само материјалот е вреден 45 милиони долари. Сепак, украинските фирми за преработка на метал не се многу заинтересирани за овие остатоци.

    Оклопите на тие возила се изработени од специјални легури на челик со посебни својства. Тие имаат висока точка на топење, па затоа потешко се преобликуваат. Тој челик не може туку-така да се уфрли во печка и да се претвори во нешто друго. Посебен проблем е и сечењето на оклопот“, објаснува Валентин Макаренко, директорот на фирмата „Интерпајп втормет“.

    Украинското здружение на преработувачи на стар метал посочува дека пазарот на такви суровини во земјата е веќе презаситен и дека вредноста им паѓа, а, згора на тоа, бројни металуршки комбинати прекинаа со работа по почетокот на војната. Од концернот „Аркелор Митал“ велат дека имаат огромни залихи на стар метал, повеќе од 80.000 тони, па немаат потреба од користење на уништената воена опрема.

    Дел од остатоците од руската воена опрема беше искористен за изложби и уметнички инсталации низ Украина, но ги има премногу, па Киев ќе мора да побара помош од запад и за нивно отстранување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира