УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛА РУСКИ ПРОТИВВОЗДУШЕН СИСТЕМ НА КРИМ ВРЕДЕН 1,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛА РУСКИ ПРОТИВВОЗДУШЕН СИСТЕМ НА КРИМ ВРЕДЕН 1,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИСнимките на социјалните мрежи покажуваат оган и чад над градот Евпаторија (Фото: Телеграм)

    Украина втора ноќ по ред изведе координиран воздушен напад на Крим, при што, како што тврди, бил уништен софистициран руски противвоздушен систем кај градот Евпаторија. Извор од украинското разузнавање кажа дека нападот го извеле безбедносната служба и морнарицата, при што биле користени дронови и крстосувачки ракети.

    Снимките на социјалните мрежи покажуваат оган и чад над градот во западниот дел на анектираниот полуостров. Москва не го коментираше ова, само објави дека ноќеска биле соборени неколку дронови и бил спречен друг напад на патролен брод.

    Откако со дронови беше онеспособена радарската опрема, морнарицата лансираше две крстосувачки ракети ‘нептун‘, со кои беа погодени системите ‘триумф‘, вредни 1,2 милијарди долари“, кажа извор од украинското разузнавање за Би-Би-Си.

    Украина ги дизајнираше проектилите „нептун“ за морнарицата, но се приспособени и за гаѓање цели на копно.

    Во вчерашниот напад на Крим беше погодено пристаништето во Севастопол, при што биле оштетени два руски воени брода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира