УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ПОГОДИЛА ЧЕТИРИ РУСКИ ВОЕНИ АЕРОДРОМИ ВО НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ДОСЕГА

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ПОГОДИЛА ЧЕТИРИ РУСКИ ВОЕНИ АЕРОДРОМИ ВО НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ ДОСЕГАНападот имал за цел да ја поткопа можноста на Русија да ја напаѓа Украина со лизгачки бомби (Фото: Телеграм)

    Украина кажа дека го извела најголемиот напад со дронови од почетокот на војната, чија цел биле руски воени аеродроми. Претседателот Володимир Зеленски ја опиша акцијата како правовремена и прецизна.

    Генералштабот на украинската војска објави дека во нападите биле погодени четири аеродроми во руските региони Курск, Воронеж и Нижни Новгород.

    Главните мети беа складишта со гориво и авионски оружја“, кажаа од генералштабот.

    Извор од безбедносните служби на Украина изјави дека нападот имал за цел да ја поткопа можноста на Русија да ја напаѓа Украина со лизгачки бомби.

    Ви благодарам за правовремените, точни и ефективни напади врз руските аеродроми“, ѝ кажа Зеленски на војската.

    Русија претходно кажа дека соборила 117 украински дронови над неколку руски региони

    Нападот врз аеродромите доаѓа додека украинските трупи ја продолжуваат својата офанзива во рускиот регион Курск, што почна минатиот вторник. Зеленски вчера изјави дека украинските сили контролираат 74 населени места во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира