УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА УНИШТИЛА 50 РУСКИ СКЛАДИШТА НА МУНИЦИЈА СО РАКЕТНИТЕ СИСТЕМИ ХИМАРС

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА УНИШТИЛА 50 РУСКИ СКЛАДИШТА НА МУНИЦИЈА СО РАКЕТНИТЕ СИСТЕМИ ХИМАРСХИМАРС има подолг дострел и е попрецизен од артилеријата од советско време (Фото: Гети)

    Украина објави дека нејзините сили досега уништиле 50 руски складишта на муниција со помош на американските ракетни системи со долг дострел ХИМАРС, кои почнаа да пристигнуваат минатиот месец. Министерот за одбрана Олексиј Резников истакна дека овие системи имаат сè поголемо влијание на фронтот, додека Украина се обидува да ја скроти руската офанзива во Донбас.

    „Тоа ги пресекува руските ланци на снабдување и ја одзема нивната способност за активна борба и за постојано бомбардирање на нашите вооружени сили“, изјави Резников.

    Тој додаде дека украинските сили извеле прецизни удари на неколку моста, без да открие детали. Новоназначените проруски власти во окупираниот јужен регион Херсон кажаа дека три стратешки моста биле нападнати со ХИМАРС минатата недела, при што биле оштетени, но и натаму се во функција.

    Резников кажа дека Украина ги добила првите три од најавените 15 противвоздушни оклопни возила „гепард“ и дека очекува испорака на десетици тенкови „леопард“.

    Системите ХИМАРС имаат подолг дострел и се попрецизни од артилеријата од советско време која доминира во украинскиот арсенал.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира