УКРАИНСКАТА ДРЖАВНОСТ Е ВО ОПАСНОСТ АКО ВОЈНАТА ПРОДОЛЖИ НА СЕГАШЕН НАЧИН, ВЕЛИ ПУТИН

    УКРАИНСКАТА ДРЖАВНОСТ Е ВО ОПАСНОСТ АКО ВОЈНАТА ПРОДОЛЖИ НА СЕГАШЕН НАЧИН, ВЕЛИ ПУТИНПутин вели дека Русија никогаш нема да се откаже од она што го има освоено (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека државноста на Украина би можела да претрпи непоправлив удар ако продолжи овој шаблон на војната, додавајќи дека Русија никогаш нема да биде натерана да се откаже од она што го има освоено.

    Путин збореше на државната телевизија ден откако Швајцарија се согласи да биде домаќин на мировен самит на барање на украинскиот претседател Зеленски. Рускиот лидер ги отфрли „таканаречените мировни формули“ за кои се разговара на западот и во Украина и кои, како што кажа, наметнуваат забранети барања.

    „Ако не сакаат да преговараат, не мора. Сега е доста јасно дека не само што украинската противофанзива пропадна, туку и иницијативата е целосно во рацете на руските вооружени сили. Ако тоа продолжи, украинската државност би можела да претрпи непоправлив, многу сериозен удар“, кажа Путин, кој почна да збори посамоуверено и поагресивно за војната откако украинската противофанзива не ги даде очекуваните резултати.

    Русија моментално контролира 17,5% од територијата на Украина.

    „Разговорите за преговори се обид Русија да се мотивира да се откаже од добивките за кои што се избори во изминатите година и пол. Но, тоа е невозможно и сите го сфаќаат тоа“, вели Путин.

    Русија не отстапува од својот став дека какви било преговори треба да ги земат предвид новите реалности создадени од руските сили на фронтот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира