УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВЕЛИ ДЕКА ГО УБИЛА ТРЕТИОТ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ЗА ОСУМ ДЕНА

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВЕЛИ ДЕКА ГО УБИЛА ТРЕТИОТ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ЗА ОСУМ ДЕНАНе се познат деталите за смртта на Андреј Колесников

    Украинската војска тврди дека го убила третиот руски генерал од почетокот на инвазијата.

    „Генерал-мајорот Андреј Колесников беше командир на 29. армија на рускиот источен воен округ“, кажа Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

    Деталите не се познати, но и западни официјални лица ја потврдија смртта на генералот.

    Во изминатите денови, Украина кажа дека во борбите кај Харкив загинале двајца генерали на руската 41. армија, од кои Витали Герасимов бил одликуван за операцијата на анексија на Крим во 2014.

    Воените експерти сугерираа дека присуството на офицери од највисок ранг на првата линија на фронтот покажува дека руската воена акција не се одвива според план, како што тврди Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира