УКРАИНСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВЛЕГОА ВО БАХМУТ ЗА ДА ИЗВЛЕЧАТ ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

    УКРАИНСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВЛЕГОА ВО БАХМУТ ЗА ДА ИЗВЛЕЧАТ ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕМалата Арина досега беше со баба ѝ и дедо ѝ во оштетена зграда во Бахмут (Фото: Стрингер)

    Украинската полиција изведе ризична спасувачка операција за да извлече шестгодишно девојче од источниот град Бахмут, кој со месеци е под руска опсада. Малата Арина била раздвоена од својата бремена мајка и живеела со баба ѝ и дедо ѝ во оштетена зграда во Бахмут, кој е изложен на постојани руски бомбардирања.

    Откако се пробиле низ снегот за да стигнат до Арина, полицаецот Павло Дјаченко и двајца негови колеги ја одвеле до соседниот град Словјанск, каде што ја чекала мајка ѝ Галина.

    Дјаченко вели дека уште 200 деца живеат во Бахмут, кој имаше околу 70.000 жители пред почетокот на војната, од кои се останати само неколку илјади.

    „Се среќаваме со семејствата кои сè уште се таму и разговараме со нив. Се обидуваме да ги наговориме да се евакуираат, било цели семејства, било само децата“, изјави Дјаченко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира