Украина победи на 66. издание на Изборот за песна на Евровизија, во Торино, Италија.
„Стефанија“ на Калуш Оркестра освои убедливо најмногу гласови од телевоутинг и го прескокна на првото место Британецот Сем Рајдер со „Спејс Мен“, кој имаше најмногу гласови од жирито.
„Ве молиме помогнете ѝ на Украина, на Мариупол. Помогнете му на Азовстал веднаш“, кажа пејачот Олех Псиук на сцената по настапот на неговиот бенд.
Ова е трета победа на Украина на Евросонг.