УКРАИНЦИТЕ ОШТЕТИЈА КЛУЧЕН МОСТ КОН ОКУПИРАНИОТ МЕЛИТОПОЛ, КОЈ Е СЛЕДНА ЦЕЛ НА КИЕВ

    УКРАИНЦИТЕ ОШТЕТИЈА КЛУЧЕН МОСТ КОН ОКУПИРАНИОТ МЕЛИТОПОЛ, КОЈ Е СЛЕДНА ЦЕЛ НА КИЕВПреминот преку реката Молочна делумно бил урнат во текот на ноќта (Фото: Телеграм)

    Украинските сили оштетиле клучен мост кон окупираниот јужен град Мелитопол, кој е можна следна цел на Киев во овој регион. Преминот преку реката Молочна, сместен на автопатот меѓу Мелитопол и селото Костјантинивка, делумно бил урнат во текот на ноќта.

    Нападот на мостот следува два дена откако Украина ракетираше руска касарна во Мелитопол, предизвикувајќи значителни штети и загуби.

    Засилениот украински притисок врз руските сили во Мелитопол наликува на тактиката што претходно беше користена во противофанзивата во Херсон. Пред да го ослободи градот, украинската војска интензивно ги ракетираше руските линии на снабдување, вклучувајќи ги логистичките врски со Крим и истокот. Откако се најдоа во опасност да бидат отсечени, руските сили се повлекоа преку реката Днепар.

    Бидејќи украинските сили го контролираат источниот брег на Днепар, тие сега го насочуваат својот фокус кон Мелитопол, град во регионот Запорожје, кој е под руска окупација од март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира