УКРАИНЦИТЕ ПРВПАТ ГО СЛАВАТ БОЖИЌ НА 25 ДЕКЕМВРИ

    УКРАИНЦИТЕ ПРВПАТ ГО СЛАВАТ БОЖИЌ НА 25 ДЕКЕМВРИНајголем дел од Украинците се православни христијани. (Фото: Скај Њуз)

    Многу Украинци се подготвуваат за првпат да го прослават Божиќ на 25 декември. Главната православна црква во земјата традиционално го одбележуваше Божиќ на 7 јануари, следејќи го Јулијанскиот календар, исто како и Русија.

    Најголем дел од Украинците се православни христијани, но во јули годинава, претседателот Володимир Зеленски потпиша закон со кој 25 декември станува државен празник за Божиќ, прифаќајќи го Грегоријанскиот календар.

    Потегот, кој што има поддршка од црквата, е уште еден чекор со кој што Киев се обидува да ги избрише сите траги на руско влијание во земјата по почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

    Украина, исто така, сака да ѝ се приклучи на ЕУ и многумина Украинци го гледаат членството во блокот како потврда за историското место на нивната земја во Европа.

    Украинската пратеничка и лидерка на партијата Глас Кира Рудик вели дека промената на датумот е со огромно значење и додава: „Ние се приклучуваме на европското семејство во сите аспекти на животот, вклучувајќи го и денот кога прославуваме Божиќ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира