Руски сили навлегоа во Харкив, вториот по големина град во Украина, соопштија локалните власти. Шефот на регионалната администрација во Харкив, Олег Синегубов, рече дека лесни воени возила се пробиле во градот.
Пред неговата изјава, се појавија снимки на социјалните мрежи од руски воени возила на улиците на градот, кој се наоѓа на 20 километри од границата со Русија на североистокот од земјата.
Синегубов ги повика граѓаните да останат дома, велејќи дека има руски трупи во центарот на градот.
„Не ги напуштајте засолништата. Украинската армија го елиминира непријателот“, кажа тој во апелот до жителите на Харкив.
Во главниот град Киев утринава е мирно. Низ градот, жителите се во засолнети во метрото, подруми и подземни паркинзи, на улиците може да се видат само припадниците на војската и полицијата, како и вооружени доброволци.
Денеска е четвртиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина.