Ултранационалистот и евроскептик Џорџе Симион победи во првиот круг на претседателските избори во Романија, покажуваат излезните анкети. Според нив, Симион ќе освои меѓу 30% и 33% гласови, па следуваат бившиот сенатор Крин Антонеску и градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан, кои се израмнети со по 21-23% гласови.
Триесет и осумгодишниот Симион водеше во предизборните анкети. Тој се противи на воената поддршка за Украина, жестоко го критикува раководството на ЕУ и се опишува себеси како природен сојузник на Доналд Трамп.
Романците повторно излегоа на гласање речиси шест месеци откако врховниот суд го поништи првиот круг на изборите поради наводно руско мешање.