УНГАРИЈА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СТАВИ ВЕТО НА ЗАБРАНАТА ЗА УВОЗ НА РУСКАТА НАФТА

    УНГАРИЈА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СТАВИ ВЕТО НА ЗАБРАНАТА ЗА УВОЗ НА РУСКАТА НАФТАСловачка и Унгарија се членките на ЕУ кои се најмногу зависни од руската нафта (Фото: Гети)

    Унгарија најави дека ќе стави вето на предлогот на Европската Унија да се забрани увоз на руската нафта. Министерот за надворешни работи Золтан Ковач изјави дека предлогот е неприфатлив и ќе ја уништи унгарската економија.

    „Предлогот доаѓа од Брисел, кој е административен, бирократски центар на Европската Унија, а не од членките. Таму добро знаат дека тоа што го предлагаат е спротивно на унгарските интереси, спротивно на она што е остварливо на терен и ако го направиме тоа, целосно ќе ја уништиме унгарската економија“, изјави Ковач.

    Ова го доведува во прашање денешниот предлог на Брисел за постепено откажување од руската нафта до крајот на годината. Со цел да се избегне ветото од земјите кои се најмногу зависни од руската нафта, од Брисел најавија дека на Словачка и Унгарија би им се овозможило да ја одложат примената на ембаргото до крајот на 2023.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира