УНГАРИЈА ПОЗАЈМИ ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД КИНА

    УНГАРИЈА ПОЗАЈМИ ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД КИНАКинескиот претседател Шји Џинпинг ја посети Будимпетша во мај на крај на неговата европската турнеја. (Фото: news.cn)

    Унгарија позајми една милијарда евра од кинески банки претходно годинава, соопшти унгарската Агенција за управување со долгови, во момент кога членката на ЕУ се соочува со тешка финансиската ситуација.

    Унгарската влада не го објави јавно договорот, кој првично беше објавен од локалниот медиум „Портфолио“.

    Унгарија зела тригодишен заем од кинески банки на 19 април, според податоците на Агенцијата за управување со долгови.

    „Со заемот од една милијарда евра со Кинеската развојна банка, Екпорт-Импорт банката на Кина и со унгарската филијала на Банката на Кина ќе се финансираат инфраструктурни и енергетски проекти, меѓу другото“, изјавија од агенцијата за агенцијата АФП.

    Заемот се случил само осум дена откако унгарската влада соопшти дека одлага значителен дел од јавните инвестиции поради слаб раст и блокирани ЕУ фондови.

    Брисел замрзна 20 милијарди од ЕУ фондовите поради назадувањето на Унгарија во однос на стандардите на ЕУ.

    Дефицитот на Унгарија сега изнесува 4,5 отсто од БДП, што е над лимитот на ЕУ од 3 отсто.

    Македонскиот премиерот Христијан Мицкоски, за време на Самитот на НАТО во Вашингтон, на 11 јули кажа дека унгарската Влада ќе ѝ позајми на македонската Влада сума од 500 милиони евра.

    Мицкоски кажа дека станува збор за специјална економска соработка со Унгарија.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира