УНГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА ЈА ЗАБРАНИ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БУДИМПЕШТА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАЖА ДЕКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ

    УНГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА ЈА ЗАБРАНИ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БУДИМПЕШТА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАЖА ДЕКА ЌЕ СЕ ОДРЖИСе очекува десетици илјади луѓе да присуствуваат на настанот на 28 јуни (Фото: Гети)

    Унгарската полиција ја забрани годишната Парада на гордоста во Будимпешта, но либералниот градоначалник Ѓерѓели Карачони кажа дека таа сепак ќе се одржи подоцна овој месец.

    „Градското собрание на Будимпешта ќе го организира маршот како локален настан на 28 јуни, точка“, изјави Карачони.

    Тоа е последниот пресврт во судирот на владата на Виктор Орбан и унгарската ЛГБТ заедница. Парадата на гордоста е под знак прашалник од февруари, кога Орбан објави дека таа нема да се одржи оваа година, а потоа беше усвоен закон со кој се забрануваат собири на кои јавно се промовира хомосексуалност зашто така се кршеле законите за заштита на децата.

    Карачони вели дека полицијата нема право да го забрани „Денот на слободата“, организиран од градските власти како алтернатива за парадата, бидејќи ваков настан не спаѓа под правилата за слобода на собирање. Се очекува десетици илјади луѓе да присуствуваат на настанот на 28 јуни.

    „Владата исто така може да се обиде да забрани поворка на еднорози“, напиша Карачони на Фејсбук.

    Според новиот закон за собири усвоен во март, сите оние кои полицијата ќе ги идентификува со софтвер за препознавање лица ќе бидат казнети со сума од 16 до 500 евра.

    „Заштитата на децата е над сите други закони. Парадата нема никаква врска со слободата за собирање или слободата за изразување. Тоа е фестивал на одредена сексуална заедница, што децата не треба да го гледаат“, изјави портпаролот на владејачката партија Фидес, Тамаш Менцер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира