УНГАРЦИТЕ МОЖАТ МИРНО ДА СПИЈАТ, КАЖА ОРБАН ОТКАКО СЕ ИЗБОРИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ ОД ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТА

    УНГАРЦИТЕ МОЖАТ МИРНО ДА СПИЈАТ, КАЖА ОРБАН ОТКАКО СЕ ИЗБОРИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ ОД ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТАОрбан кажа дека ембаргото ќе беше атомска бомба за Унгарија (Фото: АП)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан им порача на своите граѓани дека можат мирно да спијат откако Унгарија беше изземена од ембаргото на руската нафта, што по еден месец преговори го договорија лидерите на Европската Унија.

    Унгарците можат мирно да спијат во своите кревети, зашто ќе бидат заштитени од зголемените трошоци за бензин и греење, што го чека остатокот од Европа поради ембаргото“, кажа Орбан, кој го освои четвртиот мандат минатиот месец, ветувајќи дека нема да има поскапувања на струјата и бензинот.

    Членките на ЕУ договорија компромисна забрана за увоз на 90% од руската нафта, а исклучок беше направен за цевководот „Дружба“, преку кој се снабдуваат Унгарија, Чешка и Словачка. Овие три земји беа најгласните противници на ембаргото, бидејќи се најзависни од руската нафта.

    Ембаргото ќе беше неиздржливо за нас, како атомска бомба, но успеавме да го избегнеме тоа. Моравме да ја осигураме нашата енергетска безбедност“, кажа Орбан.

    Унгарија прима 65% од својата нафта од Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира