Владимир Путин изјави дека Русија успеала да ја демилитаризира Украина, што беше една од главните цели на „специјалната воена операција“. Зборувајќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот лидер кажа дека Украина наскоро нема да има ништо од своето сопствено оружје.
„На Украина наскоро ќе ѝ снема од нејзината воена опрема и ќе стане целосно зависна од оружјето што го добива од западот. Украина нема шанси против Русија и нема да постигне ништо со противофанзивата“, кажа Путин.
Тој верува дека руската економија ќе порасне за 2% оваа година, но призна дека земјата мора да троши повеќе на одбраната за да ја зајакне својата безбедност.
„Мора да го правиме тоа за да го заштитиме суверенитетот на земјата. Тоа е оправдано, па и од економска гледна точка“, кажа Путин.
Тој тврди дека западните санкции не успеале да ја изолираат Русија.
„Место тоа, ја проширивме нашата трговија со пазарите на иднината, како Азија, Блиски Исток и Јужна Америка. Неоколонијалниот меѓународен систем веќе не постои, додека повеќеполарниот светски поредок зајакнува“, кажа Путин.
Иако од почетокот на инвазијата повеќе од 1.000 меѓународни компании ја напуштија Русија, Путин кажа дека вратите на земјата остануваат отворени за нивното враќање