УСТАВНИОТ СУД ГИ ПОНИШТИ МАНДАТИТЕ НА 16 БУГАРСКИ ПРАТЕНИЦИ, ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ОСТАНА СО ТЕНКО МНОЗИНСТВО

    УСТАВНИОТ СУД ГИ ПОНИШТИ МАНДАТИТЕ НА 16 БУГАРСКИ ПРАТЕНИЦИ, ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ОСТАНА СО ТЕНКО МНОЗИНСТВОГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во октомври, но владата беше избрана дури во јануари (Фото: Гети)

    Шеснаесетмина пратеници ги изгубија своите места во бугарскиот парламент откако уставниот суд заклучи дека тие биле погрешно избрани при делумното пребројување гласови по изборите во октомври 2024. Судот одлучуваше по жалбата на националистичката партија Величие, која во прв момент за само неколку гласа не успеа да го помине прагот од 4% освоени гласови за влез во парламентот.

    Кревката владејачка коалиција предводена од ГЕРБ изгуби пет мандати, но успеа да задржи тенко мнозинство од 121 пратеник во парламентот со 240 места.

    Уставниот суд го одби барањето за целосно пребројување гласови.  Сепак, делумното пребројување на стотици гласачки места придонесе за дополнителна неизвесност на нестабилната политичка сцена во Бугарија, каде што се одржаа седум парламентарни избори за период од четири години.

    ГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во октомври со 26% гласови, но владата беше избрана дури во јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира