Романскиот уставен суд ги потврди резултатите од првиот круг на претседателските избори, што овозможува вториот круг да се одржи на 8 декември, како што беше планирано.
Во првиот круг на 24 ноември изненадувачки победи малку познатиот ултранационалист и обожавател на Владимир Путин, Калин Георгеску, кој в недела ќе се соочи со Елена Ласкони, лидерката на либералната партија Зачувајте ја романската унија.
Откако беше наредено пребројување гласови, претседателот на уставниот суд Маријан Еначе кажа дека сите девет судии се согласиле дека немало нерегуларности и измами во првиот круг, со што изборните резултати се валидни.
Георгеску настапи како независен кандидат на изборите и кампањата ја водеше најмногу на ТикТок, поради што имаше сомнежи дека Русија му помогнала да победи. Тој освои 23% гласови, додека предизборните анкети му даваа само 6%. Анализите велат дека на Ласкони ќе ѝ треба поддршка од Социјалдемократите за да победи на изборите в недела.