ВАШИНГТОН ПОЧНА ДА ДАВА ЏОИНТИ ЗА ДА ГО ПОТТИКНЕ ВАКЦИНИРАЊЕТО

    ВАШИНГТОН ПОЧНА ДА ДАВА ЏОИНТИ ЗА ДА ГО ПОТТИКНЕ ВАКЦИНИРАЊЕТОИницијативата „Џоинти за вакцини“ ќе трае до 12 јули (Фото: Шатерсток)

    За да ја поттикне имунизацијата, американската сојузна држава Вашингтон почна да нуди бесплатни џоинти марихуана на сите возрасни кои ќе се вакцинираат.

    Иницијативата „Џоинти за вакцини“ ја одобри бордот за алкохол и канабис на Вашингтон и ќе трае до 12 јули. За тоа време, лиценцираните продавници ќе им даваат однапред направен џоинт на полнолетните лица откако ќе ја примат првата или втората доза од вакцината.

    Според бордот, повеќето продавници за марихуана се заинтересирани да ја поддржат програмата за имунизација, а веќе постојат промоции во кои им се дава бесплатно пиво, вино или коктел на лицата над 21 година кои се вакцинираат.

    Ова се надоврзува на други слични иницијативи низ земјата, кои се поддржани и од администрацијата на Џо Бајден. Охајо организира лотарија, а на други места има можност да се добие ловечка пушка, сачмарка или бесплатен билет за забавен парк

    Слична кампања со марихуаната најави и сојузната држава Аризона.

    До 7 јуни, 58% од жителите на Вашингтон ја примиле првата доза, а 49% се целосно вакцинирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира