БУГАРИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА, КАЖА УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР КУЛЕБА ОТКАКО ОД БУГАРИТЕ ДОБИ САМО ИЗГОВОРИ

    БУГАРИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА, КАЖА УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР КУЛЕБА ОТКАКО ОД БУГАРИТЕ ДОБИ САМО ИЗГОВОРИУкраинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба беше примен од бугарскиот претседател Румен Радев. (Фото: Твитер)

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба разочаран си заминува од Бугарија, откако од бугарските политичари добил само изговори зошто Бугарија не може да ѝ испрати воена помош на Украина да се одбрани од руската агресија.

    „Во демократските општества, нормално е во коалиционите влади да има различни мислења, но многу е важно да бидете на вистинската страна на историјата и да донесете вистински решенија. Да се правиш неутрален значи да се на погрешната страна на историјата“, изјави Кулеба по средбите со бугарските политичари.

    Кулеба откри дека дел од бугарските политичари со кои разговарал му рекле дека Русија и Бугарија се братски народи и поради тоа не можат да ѝ помогнат на Украина.

    „Од почетокот на војната чув толку многу оправдувања зошто некој не може да ѝ помогне на Украина. Тие луѓе не се искрени. Чув неколку изговори зошто Бугарија не сака да испрати воена помош на Украина. Првото беше дека треба да се зачува мирот во Бугарија, а второто беше дека Бугарија и Русија се братски народи. Во предвечерието на Велигден сакам да кажам неколку мисли за братството. Како можете да се сметате за браќа со убијци? Како може да верувате дека некој кој убива и уништува за време на Страсната недела е ваш брат?“, ги праша Кулеба бугарските политичари.

    Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов кажа дека Кулеба три-четири дена се шетал како сираче низ бугарскиот парламент.

    „Пратениците се занимаваа со сè друго, но не и со важното за Бугарите. Ги продадоа за 30 сребреници, на Велики Четврток“, кажа Борисов за немањето јасен одговор на украинското барање за воена помош.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира