ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ИЗГОВОРАМ ИМЕТО НА ТЕРОРИСТОТ ОД КРАЈСТЧРЧ, КАЖА ПРЕМИЕРКАТА НА НОВ ЗЕЛАНД

    ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ИЗГОВОРАМ ИМЕТО НА ТЕРОРИСТОТ ОД КРАЈСТЧРЧ, КАЖА ПРЕМИЕРКАТА НА НОВ ЗЕЛАНДЏасинда Ардерн покажа како еден лидер треба да се носи со тешките моменти за својата земја (Фото: Гети)

    Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн вети дека веќе никогаш нема да го изговори името на терористот кој во петокот уби 50 луѓе во две џамии во Крајстчрч.

    „Тој сакаше да постигне многу работи со својот чин и една од нив е озлогласеност. Затоа јас веќе никогаш нема да му го изговорам името“, изјави Ардерн во емотивното обраќање во парламентот.

    За најтешкиот масакр во историјата на Нов Зеланд е обвинет 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, самопрогласен бел расист.

    „Ве молам, кажувајте ги имињата на оние кои ги загубија животите, а не на нивниот убиец. Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист. Тој за мене секогаш ќе биде безимен“, кажа Ардерн, завршувајќи го својот говор со арапскиот поздрав „Ал-салам алејкум“, односно „мир со вас“.

    Освен што најави дека Нов Зеланд ќе го забрани полуавтоматското оружје, какво што беше употребено во нападот, таа ги повика и социјалните мрежи повеќе да се борат против тероризмот, откако Тарант во живо ја пренесуваше својата акција на Фејсбук. Компанијата објави дека имало помалку од 200 вклучувања во живо за време на нападот, а снимката била прегледана вкупно 4.000 пати пред да биде тргната. Дополнително биле отстранети 1,5 милиони копии од снимката во првите 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира