ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ЕУ ГО ДОГОВОРИЈА НАЈЗНАЧАЈНОТО ОБНОВУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ ОД БРЕГЗИТ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ЕУ ГО ДОГОВОРИЈА НАЈЗНАЧАЈНОТО ОБНОВУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ ОД БРЕГЗИТСтармер, Фон дер Лајен и Антонио Кошта договорија три документи (Фото: АП)

    Лондон и Брисел денеска постигнаа нови договори за риболов, енергија и одбрана по маратонските разговори кои завршија неколку часа пред почетокот на првиот самит Британија-ЕУ.

    Британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет Антонио Кошта договорија три документи, кои се однесуваат на клучни геополитички предизвици и безбедносно-одбранбено партнерство. Ова е најзначајното обновување на одбранбените и трговските односи помеѓу двете страни од брегзит пред девет години.

    Тие потпишаа нов договор за риболов и се согласија да се олесни движењето на храната и посетителите меѓу Велика Британија и ЕУ. Стармер, кој го поддржа останувањето на Британија во ЕУ на референдумот за брегзит, кажа дека новите договори ќе ја направат храната поевтина, ќе ја подобрат енергетската безбедност и ќе додадат речиси девет милијарди фунти во британската економија до 2040 година. Британија претходно потпиша трговски договори и со САД и Индија.

    „Време е да гледаме напред. Да завршиме со заостанатите стари дебати и политички борби за да се најдат здрав разум и практични решенија што ќе бидат во најдобар интерес за британскиот народ. Подготвени сме да работиме со нашите партнери доколку тоа значи дека можеме да го подобриме животот на луѓето дома“, изјави Стармер.

    Обновувањето на одбранбениот и безбедносен пакт ќе ѝ овозможи на Британија да биде дел од секоја заедничка набавка и ќе го отвори патот за британските компании да учествуваат во програмата за вооружување на Европа вредна 150 милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира