ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПРЕПРОДАВАЊЕ БИЛЕТИ ЗА КОНЦЕРТИ И СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПРЕПРОДАВАЊЕ БИЛЕТИ ЗА КОНЦЕРТИ И СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИВлезниците за концерти, како што беше за турнејата на „Оејзис“ летово, често се нудат на веб-страниците за препродажба по многу повисоки цени само неколку минути откако ќе се распродадат (Фото: АП)

    Велика Британија планира да ја забрани препродажбата на билети за концерти, претстави и спортски настани по надуени цени, справувајќи се со проблемот на препродавачи кои користат технологија за да набават билети за популарни настани, соопшти владата.

    Министерот за домување Стив Рид рече дека практиката на препродавање билети по повеќекратни цени од нивната номинална вредност е штетна за поединците кои мора да платат премногу за да присуствуваат на настани.

    Посветени сме да ставиме крај на скандалозното препродавање билети“, изјави Рид.

    Влезниците за концерти, како што беше турнејата на рок-групата „Оејзис“ летово, често се нудат на веб-страниците за препродажба по многу повисоки цени само неколку минути откако ќе се распродадат по редовен пат. Владата претходно размислувала да постави ограничување за препродажба на билети на максимум 30% од нивната номинална вредност, но потоа се откажала од ова, објави „Гардијан“.

    Независно од ова, британската управа за конкурентност и пазари денеска соопшти дека отворила истрага за практиките на одредување цени на голем број онлајн платформи, како „Вијагого“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира