ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ОПОЗИЦИОНЕРКА МАЧАДО ВО ГОЛЕМА ТАЈНОСТ ЌЕ ДОЈДЕ ВО ОСЛО, НО НЕМА ДА ЈА ПРИМИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР

    ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ОПОЗИЦИОНЕРКА МАЧАДО ВО ГОЛЕМА ТАЈНОСТ ЌЕ ДОЈДЕ ВО ОСЛО, НО НЕМА ДА ЈА ПРИМИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИРМарија Мачадо е жестока критичарка на Николас Мадуро и симбол на отпорот и борбата за демократски промени во Венецуела (Фото: АП)

    Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо е безбедна и ќе биде во Осло, но ќе ја пропушти церемонијата на доделувањето на Нобелови награди, објавија организаторите.

    Мачадо е видена во јавност само еднаш од август минатата година, кога дојде во жесток судир со претседателот Николас Мадуро. Јавниот обвинител на Венецуела кажа дека Мачадо ќе се смета за бегалка ако ја напушти земјата за да ја прими Нобеловата награда за мир. Таа го обвини Мадуро за кражба на изборите во 2024, на кои што не ѝ беше дозволено да учествува.

    „Демократиите мора да бидат подготвени да се борат за слобода за да преживеат. Демократијата е од суштинско значење за мирот. И најважното, лекцијата што Венецуелците можат да ја споделат со светот е лекција научена на долг и тежок пат: ако сакаме демократија, мора да бидеме подготвени да се бориме за слобода“, кажа Мачадо во говорот што нејзината ќерка Ана Корина Соса Мачадо го прочита на церемонијата во Осло.

    „Добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо направи сè што е во нејзина моќ да дојде на церемонијата денеска. Мина низ екстремно опасно патување. Иако нема да може да дојде на церемонијата и на денешните настани, со големо задоволство потврдуваме дека таа е безбедна и ќе биде со нас во Осло“, соопшти Нобеловиот комитет.

    Мачадо е жестока критичарка на Николас Мадуро и симбол на отпорот и борбата за демократски промени. Таа беше избрана за единствен кандидат на опозицијата за ланските претседателски избори, но во јануари 2024 Врховниот суд на Венецуела ја исфрли од политиката на 15 години поради наводно учество во корупција.

    „Во изминатата година Мачадо беше принудена да живее во тајност. И покрај сериозните закани по нејзиниот живот, таа остана во земјата, што инспирираше милиони. Мачадо повеќе од 20 години се бори за слободни и фер избори“, рече претседателот на Нобеловиот комитет, Јерген Ватне Фриднес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира