ВИСОКИ ПРИПАДНИЦИ НА ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА УБИЕНИ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД НА ДАМАСК

    ВИСОКИ ПРИПАДНИЦИ НА ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА УБИЕНИ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД НА ДАМАСКИран го обвини Израел за нападот (Фото: Гети)

    Четворица високи припадници на иранските безбедносни сили се убиени во воздушен напад на главниот град на Сирија, Дамаск. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) го обвини Израел за нападот, додавајќи дека загинале четворица воени советници и одреден број сириски војници.

    Израел не го коментираше нападот, но тој со години напаѓа цели во Сирија поврзани со Иран. Иранската револуционерна гарда е присутна во Сирија од почетокот на граѓанската војна во 2011, поддржувајќи го режимот на Башар ал-Асад.

    Денешниот напад се случил во населбата Мазех, каде што се сместени воен аеродром, седиштето на ОН и амбасади. Иранските медиуми објавија дека во нападот загинале и шефот на разузнавањето на ИРГЦ за Сирија и неговиот заменик.

    Во сличен напад во близина на Дамаск минатиот месец беше убиен висок заповедник на ИРГЦ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира