ВИСОКОРАНГИРАН РУСКИ ГЕНЕРАЛ УБИЕН ВО БОМБАШКИ НАПАД БЛИЗУ МОСКВА

    ВИСОКОРАНГИРАН РУСКИ ГЕНЕРАЛ УБИЕН ВО БОМБАШКИ НАПАД БЛИЗУ МОСКВАЈарослав Москалик беше заменик-началник на Главната оперативна управа на вооружените сили на Русија (Фото: Телеграм)

    Рускиот генерал Јарослав Москалик е убиен во експлозија на автомобил-бомба во градот Балашиха во московскиот регион, потврдија руските власти.

    „Според првичните информации, во експлозијата загина генерал-полковникот Јарослав Москалик. Експлозијата веројатно била предизвикана од импровизирана направа наполнета со шрапнели“, изјави портпаролката на Рускиот истражен комитет.

    Полицијата кажа дека отворила истрага за убиство и за шверц на експлозиви.

    Државните медиуми објавија снимка од безбедносните камери, кои покажуваат моќна експлозија близу станбена зграда во моментите кога пешак поминува покрај возилото.

    Педесет и деветгодишниот Москалик беше заменик-началник на Главната оперативна управа на вооружените сили на Русија, која е одговорна за планирање воени операции и за надгледување на борбената готовност.

    Прорускиот телеграм канал „Меш“ објави дека автомобилот бил препродаден трипати од јануари, а последниот купувач бил 40-годишен жител на украинскиот град Суми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира