И ВЛАДАТА НА ОРБАН КОРИСТЕЛА СОФИСТИЦИРАН ИЗРАЕЛСКИ ШПИОНСКИ ПРОГРАМ ЗА ДА ХАКИРА НОВИНАРИ ВО УНГАРИЈА

    И ВЛАДАТА НА ОРБАН КОРИСТЕЛА СОФИСТИЦИРАН ИЗРАЕЛСКИ ШПИОНСКИ ПРОГРАМ ЗА ДА ХАКИРА НОВИНАРИ ВО УНГАРИЈАНа листата хакирани поединци во Унгарија се десетмина адвокати и најмалку петмина новинари. - Виктор Орбам

    Владата на Виктор Орбан во Унгарија е меѓу десетината други влади во светот кои употребиле ново оружје во својата војна против медиумите,, користејќи го еден од најпробивните шпионски програми на светот за да ги хакира и напаѓа истражувачките новинари и независните медиуми во земјата.

    Ова произлезе од форензичката анализа на неколку мобилни уреди, направена во рамките на проектот „Пегаз“, истражување спроведено од француската непрофитна новинарска организација „Забранети приказни“. Таа откри дека телефоните на голем број активисти, новинари и адвокати од цел свет биле хакирани со малвер што на авторитарни влади им бил продаден од израелската фирма за надзор „НСО груп“. Се проценува дека листата вклучува 50.000 телефонски броеви и засега е нејасно како таа излегла во јавност.

    „НСО груп“ тврди дека софтверот треба да се користи само против терористи и криминалци и дека бил достапен само за војските, судските власти и разузнавачките агенции од земји во кои што се почитуваат човекови права.

    Според протечените информации, широк распон на луѓе во Унгарија биле селектирани како потенцијални цели пред да бидат хакирани со софистицираниот шпионски програм „Пегаз“. Меѓу нив се најмалку десетмина адвокати, опозициски политичар и најмалку петмина новинари, како и организацијата „Амнести интернешнал“, која била хакирана седум месеци во 2019 година.

    Откако Орбан стана премиер во 2010 година, Унгарија падна од 23. на 92. место на Светскиот индекс на слобода на медиумите.

    „Пегаз“ му овозможува на напаѓачот да пристапи до сите содржини во телефонот и тајно да активира микрофони и камери. На листата хакирани поединци има повеќе од 180 новинари, меѓу нив и луѓе блиски на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, а спајверот најмногу бил користен во десет држави, што ги вклучува Унгарија, Азербејџан, Индија и Мексико.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира