ВЛАДАТА НА ТРАМП ЌЕ ЗАДРЖИ САМО 294 ОД 10.000 ВРАБОТЕНИ ВО УСАИД НА СВЕТСКО НИВО

    ВЛАДАТА НА ТРАМП ЌЕ ЗАДРЖИ САМО 294 ОД 10.000 ВРАБОТЕНИ ВО УСАИД НА СВЕТСКО НИВОСтотици хуманитарни програми низ светот се ставени во неизвесност поради блокадата на УСАИД (Фото: АФП)

    Администрацијата на Доналд Трамп планира да задржи помалку од 300 од 10.000 вработени во Американската агенција за меѓународна помош (УСАИД), која се најде на удар на владината програма за реорганизација, предводена од Илон Маск.

    Четири извори упатени во планот кажаа дека во главната хуманитарна агенција на САД ќе останат само 294 вработени на светско ниво, од кои 12 во Африка и осум во Азија.

    Ова е срамота. Многу луѓе нема да преживеат. Масовното отпуштање на персоналот практички ќе ја убие агенцијата која им помага на милиони луѓе низ светот“, изјави бившиот шеф на УСАИД, Брајан Атвуд.

    Додека Трамп и Маск лажно ги обвинуваат вработените во УСАИД дека се криминалци, стотици хуманитарни програми низ светот се ставени во неизвесност. Државниот секретар Марко Рубио кажа дека владата анализира и разгледува кои програми ќе бидат изземени од укинување. Владата сака да го спои УСАИД со Стејт департментот и на чело на агенцијата да биде Рубио. Сепак, нејасно е дали ваквото спојување е изводливо зашто УСАИД беше основана и финансирана со закони кои и натаму се на сила.

    УСАИД има над 10.000 вработени, од кои две третини надвор од САД и располага со 40 милијарди долари годишно.

    Русија ја поздрави одлуката за растурање на УСАИД, опишувајќи ја како „машина за мешање во внатрешни работи на други држави“. Русија ја исфрли агенцијата од земјата во 2012.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира