Владата на Доналд Трамп моментално повлече поддршка од 400 милиони долари за Универзитетот Колумбија зашто потфрлил во борбата против антисемитизмот во својот кампус. Четири федерални агенции заеднички соопштија дека финансирањето е прекинато поради „континуираната неактивност на универзитетот среде постојаното вознемирување на студентите Евреи“.
Њујоршкиот колеџ беше епицентарот на ланските пропалестински протести во кампусите против војната во Газа и американската поддршка за Израел. Оваа недела, Трамп се закани дека ќе ги повлече финансиите од школите и универзитетите кои дозволуваат „незаконски протести“.
„Универзитетските власти ги игнорираа немилосрдното насилство, заплашувањето и антисемитското вознемирување на студентите Евреи во своите кампуси. Денеска им покажуваме на Колумбија и на другите универзитети дека нема повеќе да ја толерираме нивната неактивност“, изјави министерката за образование Линда Мекмахон.
Колумбија е еден од најпрестижните универзитети во САД и има околу 30.000 студенти. Претседателот на Колумбија, Минуш Шафик, поднесе оставка во август поради протестите.