ВЛАДЕЈАЧКАТА ХДЗ ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    ВЛАДЕЈАЧКАТА ХДЗ ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИПредизборната кампања ја обележа жестокото ривалство на премиерот Пленковиќ со претседателот Милановиќ (Фото: АП)

    Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) е во водство по денешните парламентарни избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети на телевизиите „ХРТ“, „РТЛ“ и „Нова“. Според нивните проекции, ХДЗ ќе има 58 пратеници во новиот состав на парламентот.

    На второто место е коалицијата „Реки на правдата“ предводена од Социјалдемократската партија, која според излезните анкети треба да има 44 пратеници.

    Очекувавме повеќе, но и ова е добро“, изјави еден висок функционер од ХДЗ.

    Предизборната кампања ја обележа жестокото ривалство помеѓу премиерот Андреј Пленковиќ (ХДЗ) и Зоран Милановиќ, кој иако претседател на државата, сакаше да ја предводи изборната листа на СДП, што Уставниот суд го прогласи за неуставно.

    Државната изборна комисија ќе почне да ги објавува официјалните резултати по 21 часот. Излезноста на изборите беше нешто повеќе од 50%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира