ВЛАДЕЈАЧКАТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКА, ЕКСТРЕМНАТА НАЦИОНАЛИСТИЧКА ДЕСНИЦА Е ТРЕТА 

    ВЛАДЕЈАЧКАТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКА, ЕКСТРЕМНАТА НАЦИОНАЛИСТИЧКА ДЕСНИЦА Е ТРЕТА Обата главни блока одбија да коалицираат со екстремно десната Шведски демократи (СД), иако нејзиниот лидер Џими Окесон рече дека е подготвен за преговори со сите партии. СД освои за 12,9 % повеќе гласови од минатите избори и е на трето место (Фото: АП)

    Двата главни политички болка се речиси изедначени на парламентарните избори во Шведска, а најголем напредок во однос на претходните избори има антиимигрантската екстремно десничарска партија со расистички корени, која е трета по бројот освоени гласови.

    Шведската владејачка коалиција, предводена од премиерот Стефан Лофвен, ја сочинуваат Социјалдемократите и Зелената партија, а во парламентот е поддржана и од Левичарската партија. Лофвен рече дека останува премиер (Фото: АП)

    Владејачката Социјалдемократска партија освои најмногу гласови – 28,4 %, но тоа е најлош резултат досега, па идеолошката рамка на новата влада е неизвесна. Вкупно, владејачката централно-лева коалиција освои околу 40 % гласови, а скоро толку освои и ривалската целнтрално- десна Алијанса. Националистичката Шведски демократи (СД) освои скоро 18 % од гласовите, што е за 12,9 отсто повеќе од претходните избори.
    Се очекува долга битка за создавање функционална владејачка коалиција. Обата главни блока одбија да коалицираат со СД, иако нејзиниот лидер Џими Окесон рече дека е подготвен за преговори со сите партии.

    „Ќе имаме поголем број пратенички места во парламентот и ќе имаме огромно влијание врз она што ќе се случува во Шведска следниве недели, месеци и години“, рече Окесон синоќа на партискиот митинг.

    Последниве години порасна поддршката за антиимигрантските партии и во други земји во Европа. Во Италија годинава се формира нова коалициона влада предводена од антиестаблишментската Пет ѕвезди и десничарската Лига. Во 2017 екстремно десната Алтернатива за Германија освои 12,6% од гласовите, а Данската народна партија освои 21% во 2015.

    Шведската владејачка коалиција, предводена од премиерот Стефан Лофвен, ја сочинуваат Социјалдемократите и Зелената партија, а во парламентот е поддржана и од Левичарската партија.
    Централно-десната Алијанса има 4 партии, а нејзиниот кандидат за премиер Улф Кристесон е на чело на Умерените. Тој рече дека централно-левата коалиција треба да даде оставка.

    Но Лофвен рече дека нема да замине. На партискиот митинг синоќа кажа:„Имаме две недели додека да се конституира новиот парламент. Ќе работам смирено, како премиер, со почит кон гласачите и шведскиот изборен систем“.

    Екстремно десната СД со години беше поврзана со неонацистите и други екстремно десни групи, а во парламентот влезе во 2010. Партијата се ребрендира, го смени логото од запален факел во сино-жолта маргаритка, боите на шведското знаме. Традиционално привлекува мажи од работничката класа, но сака да привлече и жени и гласачи со поголеми приходи. Окесон рече дека има нула толеранција за расизам во партијата, а неколкумина членови се избркани поради тоа. Но партијата уште е поврзана со разни расистички скандали. Еден од кандидатите за локални пратеници на Фејсбук сподели песна чии стихови се „Швеѓаните се бели и земјата е наша“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира