ВО АМЕРИКА ПОЧНУВА ПРВАТА ГОЛЕМА СТУДИЈА ЗА ЕФЕКТИВНОСТА НА ХИДРОКСИХЛОРОКИН ПРОТИВ КОВИД-19

    ВО АМЕРИКА ПОЧНУВА ПРВАТА ГОЛЕМА СТУДИЈА ЗА ЕФЕКТИВНОСТА НА ХИДРОКСИХЛОРОКИН ПРОТИВ КОВИД-19Американскиот потпретседател Мајк Пенс и претседателот Доналд Трамп на брифинг за коронавирусот во Белата куќа. (Фото: Твитер)

    Американскиот потпретседател Мајк Пенс кажа на синоќешниот брифинг во Белата куќа дека антималарикот хидроксихолорокин ќе биде користен во студија со 3.000 лица во болница во Детроит за да се тестира ефективноста на лекот против коронавирусот.

    Тестот ќе биде прва голема студија и ќе им се дава на здравствените работници како превентива, според организаторот на студијата Вилијам О’Нил, интервентен кардиолог и истражувач од болницата „Хенри Форд“.

    „Студијата ќе покаже дали лекот може да спречи зараза на здравствените работници со вирусот“, вели тој.

    Здравствените работници штом се вклучат во тестот ќе добијат апчиња без ознаки и ќе ги пијат во наредните осум недели. Апчињата ќе бидат неделна доза на хидроксиклорокин, дневна доза и пласибо. Учесниците ќе нема да знаат во која група се.

    Хидроксихлорокинот покажа ветувачки резултати против коронавирусот во мала француска студија, но не е одобрен официјално како третман против КОВИД-19.

    Терапија со хидроксихлорокин се дава и кај нас на мал број пациенти, како дел од глобалната студија на Светската здравствена организација (СЗО).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира