ВО АМЕРИКАНСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО КАБУЛ ПОГОДЕНО ВОЗИЛО НА БОМБАШ САМОУБИЕЦ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

    ВО АМЕРИКАНСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО КАБУЛ ПОГОДЕНО ВОЗИЛО НА БОМБАШ САМОУБИЕЦ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВАЦелта на бомбашот самоубиец требало да биде аеродромот во Кабул (Фото: ЕПА)

    Талибанците и САД потврдија дека во американски воздушен напад во Кабул е погодено возило на бомбаш самоубиец на Исламска држава кој сакал да се разнесе на тамошниот меѓународен аеродром додека Американците привршуваат со евакуацијата. Ова следува откако американскиот претседател Џо Бајден синоќа предупреди дека уште денеска би можело да има нов напад на кабулскиот аеродром.

    Официјално лице од САД изјави дека денешниот напад бил изведен со беспилотно летало управувано надвор од Авганистан и дека секундарната експлозија покажала дека во погоденото возило се превезувало значително количество експлозивен материјал.

    „Убедени сме дека сме ја погодиле целта што ја гаѓавме. Првичните информации велат дека нема цивилни жртви“, изјави тој.

    Во бомбашкиот напад во близина на аеродромот во четвртокот загинаа над 180 луѓе, вклучувајќи 13 Американци. Во знак на одмазда, САД во напад со дрон убиле двајца високорангирани припадници на Исламска држава Корасан во источен Авганистан, но нејасно е дали тие биле директно вмешани во нападот на аеродромот. Талибанците во меѓувреме го засилија обезбедувањето околу аеродромот, врз кој треба да преземат целосна контрола во вторник, кога е краен рок за завршување на евакуацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира