Даниела Клете, членка на германската милитантна група Фракција на Црвената армија (РАФ), е уапсена во Берлин по неколку децении бегство. Таа беше барана за обид за убиство и за вооружени грабежи, во кои биле украдени милиони евра.
Апсењето уследи откако полицијата примила над 250 дојави по емитувањето на популарна криминалистичка ТВ-серија во која се зборело за тројца бегалци на РАФ.
Маркус Хојслер, обвинителот во овој случај, потврди дека 65-годишната Клете е уапсена во централната берлинска населба Кројцберг, традиционално позната како левичарско упориште. Клете и останатите двајца бегалци Буркхард Гарвег и Ернст-Фолкер Штауб припаѓале на третата генерација на оваа крајнолевичарска група и тие беа активни во 1980-тите и 1990-тите. Основана од Андреас Бадер и Улрике Мајнхоф, првата генерација на РАФ произлезе од германските студентски протести против војната во Виетнам во 1960-тите.
Обвиненијата за кои се товарат Клете, Гарвег и Штауб биле извршени меѓу 1999 и 2016 и немаат врска со РАФ, која се распушти во 1998. Во акциите на оваа група биле убиени 34 луѓе, а над 200 биле ранети.