ВО БОМБАШКИ НАПАД УБИЕН ЛИДЕРОТ НА РЕПУБЛИКА ДОНЕЦК

    ВО БОМБАШКИ НАПАД УБИЕН ЛИДЕРОТ НА РЕПУБЛИКА ДОНЕЦКАлександер Захарченко беше лидер на „Народната Република Донецк“ од ноември 2014 година (Фото: Ројтерс)

    Александер Захарченко, лидерот на таканаречената Република Донецк, поддржана од Русија, е убиен во бомбашкиот напад во едно кафуле во овој украински град, потврди локалната новинска агенција ДНР.

    Украинците за кои се верува дека го извршиле атентатот се уапсени и руското Министерство за надворешни работи ја обвини украинската влада дека стои зад нападот, во кој е повреден и сепаратистичкиот министер за финансии, Александер Тимофеев.

    Тешко вооружените бунтовници во Донецк и Луганск одбиваат да ја признаат централната власт во Киев. Москва негира дека ги поддржува со оружје и војска, но признава дека таму има руски доброволци.

    „Според првичните информации, за жал, ова е точно. Лидерот на републиката е смртно повреден“, изјави еден од лидерите на бунтовниците Владислав Бердичевски.

    Кафулето во кое се случил нападот бил во сопственост на Захарченко и се наоѓа во близина на неговата резиденција. Тој стана лидер на „Народната Република Донецк“ во ноември 2014 година и претходно веќе преживеа еден обид за атентат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира